„Штип Сити Такси“ со 50 електрични возила започнува со работа на 1-ви декември

0
46

Од 1-ви декември во Штип со работа ќе започне Еко такси чии возила ќе бидат еколошки неутрални и на електричен погон. За почеток, компанијата Штип Сити Такси, такси бизнисот ќе го започне со 50 возила од кои 30 веќе се увезени.

Според информации на ТВ Стар, подготовката на документацијата е во завршна фаза а во моментов се финализираат и организациските и логистички аспекти.