На 10.11.2025 во СВР Штип е пријавено дека во периодот од 21:50 до 23:20 часот на бул.„ЈНА“ во Штип било оштетено патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Д.И. од Штип, на тој начин што врз возилото била истурена корозивна течност. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


