Унапредување на соработката на Општина Делчево и управните служби на МВР

0
24

Денеска во Делчево се одржа конструктивна средба помеѓу градоначалникот и помошник-министерот на одделот за граѓански работи во МВР Јован Алтанџиев, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи, како и за подобрување на условите во управните служби.
Еден од главните приоритети на средбата е објектот во кој се сместени управните служби во Делчево, кој е во лоша состојба.
Изјава Помошникот министер на Одделот за граѓански работи г-дин Јован Алтанџиев.