Следните денови не очекува претежно сончево и релативно топло време за овој период од годината. Облачноста ќе биде мала до умерена и локална, а ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец, кој кон викендот ќе премине во слаб до умерен јужен ветер.
Температурите ќе се движат од -3°C до 7°C во утринските часови, а дневните максимални ќе достигнуваат од 13°C до 20°C, со тенденција на благ пораст кон крајот на неделата.
Среда: Минимална температура од -3°C до 6°C, максимална од 13°C до 19°C.
Четврток: Минимална температура од -2°C до 6°C, максимална од 12°C до 20°C.
Петок: Минимална температура од -1°C до 7°C, максимална од 13°C до 20°C.


