Србија – „Ние сме жив ѕид“: Предупредувачки студентски протест во Белград против уривањето на Генералштабот

0
17

Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл Генералштаб одржаа собир пред зградата на Генералштабот денес во 11 часот, со порака дека овој симбол на Белград ќе го „бранат со своите тела“.
Студентите нагласија дека ова е само еден од предупредувачките протести, доколку владата не се откаже од уривањето на Генералштабот.На студентите кои тргнаа од Земјоделскиот факултет им се придружија и граѓански собранија од Земун, Нов Белград.