Со тупаници и раце го удирала по устата и носот оти плачело – се бара притвор за жена осомничена за малтретирање на сопственото шестмесечно бебе

0
59

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 23-годишна жена од Кавадарци, осомничена дека го малтретирала својот шестмесечен син, удирајќи го по главата, устата и носот.
Според досегашните сознанија, насилството траело извесно време и било откриено кога сопственикот на домот во ‘Ржаничино’ и пријателка ја однеле бебето на лекарски преглед и забележале повреди. На 9 ноември, мајката, изнервирана од плачот на детето, го нападнала со раце и тупаници, предизвикувајќи крвави повреди.
Лекарите во Клиничкиот центар во Скопје констатирале нови контузии и хематоми, како и постари повреди. Осомничената од раѓање не го однела детето на лекарски прегледи и вакцинации, со цел да го прикрие насилството.
Против жената е отворена истрага за кривичното дело запуштање и малтретирање дете (чл. 201 став 1 од КЗ), а јавниот обвинител доставил предлог до судија на претходна постапка за определување притвор, поради опасност од бегство.
Детето е згрижено преку Центарот за социјални работи, а случајот го истражува МВР.