На 10.11.2025 во 13:20 часот во Полициската станица Делчево е пријавено дека на ул,,Пијанечка“ во Делчево настанал пожар во куќа сопственост на Б.К.(55) од Делчево. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.


