Европската комисија не донесе одлука да се блокира исплатата на парите од програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се со корупцискиот скандал при исплатата на средства од ИПАРД фондовите, нагласувајќи дека тоа е одлука на Министерството за финансии која е поздравена од Европската комисија.
Од Министерството објаснија дека Европската комисија била веднаш информирана, а Брисел ја поздравил реакцијата на македонските институции.
“Целта на овој чекор е да се обезбеди уверување дека системот функционира со целосна законитост и регуларност на исплатите од ИПАРД, како и да се зајакнат мерките за заштита од измами и корупција” – велат од Министерството за финансии.
Целиот случај во јавноста се појави откако на лице место со 5.000 евра во раце од полицијата беше фатен директорот на Платежната агенција Илија Стоилев,кадар на ВМРО ДПМНЕ од Свети Николе каде тој претходно беше и претседател на партискиот огранок.


