Дуодрама „Те чекам“ – Приказна за човекот зад маската

0
22

Во организација на Општина Свети Николе и Организацијата на жени на Свети Николе, по повод месецот на машкото здравје – Мовембер, ќе се одржи изведбата на современата дуодрама „Те чекам“.
Претставата го отвора прашањето за токсичната машкост и нејзините последици врз менталното здравје. Преку судирот на Максим со неговата девојка и мајка, се прикажува како стереотипите за „вистински маж“ водат кон осаменост, агресија и емоционална немоќ.
„Те чекам“ е интерактивна претстава што го вклучува гледачот во процесот на препознавање и разбирање на овие општествени модели. Наместо готови одговори, таа создава простор за дијалог, сочувство и емпатија.
Настанот ќе се одржи на 18 ноември (понеделник) со почеток во 19:30 часот во Дом на култура „Крсте Мисирков“ – Свети Николе. Влезот е бесплатен.