Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ).Протестот е организиран од Националниот сојуз на земјоделски задруги, со барање итно да се исплатат обесштетувањата од ОПЕКЕПЕ, како и да се поддржат сточарите, кои се соочуваат со проблеми поради чумата кај кози и овци, а во фокусот е скандалот со европските земјоделски субвенции.


