Граѓани информираат: Одрони на патот Истибања – Македонска Каменица, кај браната Калиманци

0
79

Апел до сите возачи кои се движат по патниот правец Истибања – Македонска Каменица да бидат особено внимателни. Според информации од граѓани, на потегот кај браната Калиманци има појава на поголеми одрони на коловозот.
Се препорачува намалена брзина и зголемено внимание, особено во вечерните и ноќните часови.
Возачите се замолуваат да ја следат состојбата на терен и да пријавуваат нови одрони доколку ги забележат.