Бугарија ги надмина Грција и Романија по куповна моќ, сега е лидер на Балканот

0
24

Бугарија е лидер на Балканот по куповна моќ, пред не само Романија, туку и Грција, објави репортер на БГНЕС. Стандардот на куповна моќ (СКМ) е конвенционална единица што ја одразува реалната вредност на парите во различни земји.Овој индикатор во Бугарија е 13.079 евра, додека за Романија, со која заедно влегоа во ЕУ во 2007 година овој износ изнесува 13.023 евра. Бугарија е пред Грција, која стана членка на ЕУ во далечната 1981 година. Грците имаат 12.436 евра. Другите балкански земји што се надвор од ЕУ се исто така на дното на рангирањето, при што само Турција, со оглед на обемот на нејзината економија, се приближува до 10.000 евра. Во Србија и Република Македонија, овој индикатор е 8.971 евра и 7.609 евра.
Најнизок стандард на куповна моќ е регистриран во Албанија – 5.098 евра.