Бојан Серафимовски избран за претседател на новиот Совет на Општина Пробиштип

0
36

Во Општина Пробиштип денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот. На седницата, со едногласна поддршка, за претседател на Советот беше избран Бојан Серафимовски.

Со изборот на претседателот започна нов четиригодишен мандат во кој, како што беше истакнато, Советот ќе се стреми да биде место на конструктивни и аргументирани дебати, насочени кон развој и напредок на општината.

„Започнуваме нова страница во работењето на Советот. Верувам дека во наредните четири години ќе бидеме обединети во нашата единствена цел – подобар и поразвиен Пробиштип,“ истакна новоизбраниот претседател Серафимовски.