Менаџментот на N1 Group и партнерските редакции Nova S, Nova.rs, Danas и Radar испратија официјална понуда до сопствениците на тие медиуми, BC Partners и United Group, за преземање на 100% сопственост на новинските медиуми во Србија и во регионот.Понудата беше доставена на адресата на одборот на директори на Summer Parent S.à r.l, заедно со писмо во кое менаџментот истакнува дека целта на преземањето е да се зачува независноста, стабилноста и професионалните стандарди што тие редакции ги градат во изминатата деценија.
Во понудата, исто така, се наведува дека процесот би можел да се спроведе во краток рок, со согласност на надлежниот регулатор во Луксембург.


