Рекордни 773 милиони денари буџет за Министерството за образование и наука предвидени во 2026-та

0
25

Министерството за образование и наука (МОН) објави дека во наредната календарска 2026 година е предвиден рекорден буџет за наука во износ од 773 милиони денари.

Средствата, како што соопштија оттаму, се предвидени за продолжување на финснсирањето на научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториски ресурси, за организирање домашни и учество на меѓународни научни конференции, како и објава на научи трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници и за втор и трет циклус на студии и за организирање на научни и студиски престои во странство.

„Науката во Македонија се актуaлизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 773 милиони денари за наука!“, велат од МОН.

Додаваат дека МОН годинава стимулирало реализација на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научи установи, МАНУ и бизнис-заедницата преку три повици за распределба на средства.

Превземено: 360степени