Денеска низ целата земја преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на некои места дождот е пороен и обилен. Според метеоролошките податоци, најмногу дожд наврнал во Струмица – 42 литри на метар квадратен, потоа во Гевгелија 35, а во Штип 10 литри на метар квадратен.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од минимални 7 до 12, и максимални од 14 до 18 степени.
Во Скопје времето е претежно облачно со повремени врнежи, пообилни во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од вторник се очекува постепено стабилизирање на времето, со намалување на врнежите и пад на утринските температури. До крајот на неделата ќе преовладува посуво и постабилно време.


