Земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, почувствуван и во Измир

0
80

Силен земјотрес утрово ја погоди Турција. Епицентарот од 4,6 степени според Рихтеровата скала бил во западниот дел во близина на Баликесир, град со 238.000 жители. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван и во Измир со помал интензитет.