Доделени уверенијата на новоизбраните градоначалници и советници во Кочани и Чешиново-Облешево

0
28

Во присуство на претставници на Државната изборна комисија, новоизбраните градоначалници и советници на општините Кочани и Чешиново-Облешево денес ги примија своите уверенија за избор на функција.
Церемонијата означи официјален почеток на нивниот мандат и потврди легитимитетот на резултатите од последните локални избори. Присутните потенцираа на важноста на одговорното работење и посветеноста кон интересите на граѓаните.