Национален конзерваторски центар распиша тендер за избор на најповолен економски оператор за реализација на Основниот проект за конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци.
Директорот на НУЦК, Златко Начовски, и градоначалникот Иван Гоцевски истакнаа дека проектот е од огромно значење за зачувување на историското и културното наследство, особено поради значењето на Разловечкото востание од 1876 година. Спомен-домот, дело на архитектот проф. д-р Ѓорѓи Константиновски, ќе биде доведен во оригиналната архитектонска форма, создавајќи мултифункционален репрезентативен објект кој ќе ги спои културата и туризмот во Делчево.
Начовски најави и нова годишна програма за поддршка на културата и туризмот во Делчево за 2026 година, во соработка со градоначалникот, со цел подигање на културните вредности во јавниот живот.


