На 09.11.2025 во 09:05 часот во СВР Штип е пријавено дека во каналот за наводнување во с.Зрновци, кочанско, била пронајдена срна со повреди од огнено оружје. Срната била извлечена од каналот од жител на селото, а увид на местото извршиле увидна екипа и ветеринар. По наредба на јавен обвинител срната била предадена на ловочувар. Се работи на расчистување на случајот.


