Вознемирувачко видео: По тепачка, совозач влетал со автомобил и се обидел да прегази луѓе

0
71

Во местото Трнови кај Велика Кладуша (БиХ) се случила тешка сообраќајна несреќа по која избила и масовна тепачка. Според информациите на Дневни аваз, маж кој учествувал во несреќата, а потоа и неговиот совозач, се уапсени недалеку од местото на инцидентот.

Како што се гледа на снимките кои кружат на социјалните мрежи, откако првично избила вербална, а потоа и физичка расправија, совозачот влегол во автомобилот и под полн гас се обидел да ги прегази луѓето со кои претходно се тепал. На снимката се гледа како автомобилот удира една личност, која според непотврдени информации е пренесена во болница во Карловац.

Се претпоставува дека возилото првично било управувано од малолетник кој преминал во спротивна лента и ја предизвикал несреќата.