Бугарија – Специјална полиција ја чува рафинеријата на „Лукоил“.Пред преземањето, владата ја штити од напади со дронови

0
80

Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и систем за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на нејзина територија, пред планираното преземање на рафинеријата „Нефтохим“ , објавија бугарските медиуми соопштение на владата.
Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денеска влезе во канцелариите на компаниите на „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна со инспекции, јавува Бугарското национално радио (БНР).
Според соопштението од кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, додека Министерството за внатрешни работи спроведува засилени проверки на сите возила што влегуваат во објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.