Во Сплит денес се одржа протест на навивачката група „Торцида“ но и на приврзаници и членови на „Домовинскиот покрет“, бранители на Хрватска во војната со Србија. Протестите беа со цел да се ослободат 9 лица кои пред неколку дена со фантомки спречија одржување на Српски денови на културата. Паралелно, преку социјалните мрежи беше повикано и на контра-протест со истакнување на бели знамиња на прозорците и терасите до сите што не се согласуваат со овие протести.


