Унгарија – Потпишан договор за набавка на нуклеарно гориво со САД вреден 114 милиони долари

0
122

Унгарија и Соединетите Американски Држави потпишаа договор за набавка на нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти денес Стејт департментот. Со ова, Стејт депарментот односите меѓу двете земји ги опиша како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“. САД ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата.