На четворица осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, скопскиот Кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена. Петтоосомничената доби куќен притвор.
Сите се сомничат за давање поткуп и награда за противзаконито влијание. Извршени се претреси на повеќе локации, под сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, при што се пронајдени парични средства во значителна вредност.


