Масовно и бескруполозно се сече шумата над кочанското Ромско маало

0
38

Масовно и бескруполозно се сече шумата над кочанското Ромско маало, револтирано реагираат граѓани на Кочани. На мета се месностите Мегдан, Вранинци, Бочвенец, Припор и Градче, посочуваат соговрниците на ТВ Стар.

“Со години наназад, секоја вечер иста шема. Оставаат кола чувар на месноста Пресечена скала и со коли без таблици, оперираат на наведените локации, сечат безмилосно, но и веќе да нема куќа или викендица што не е разбиена и украдено се што може да се украде. Пријавувањата во полиција и шумско се секојдневни, но реакција и епилог нула. Па се наметнува прашањето, ДАЛИ И ТИ СЕ СОУЧЕСНИЦИ­?”, се прашуваат загрижените гледачи.

За нив, решението на овој прoблем е едноставно и гласи.

“24/7 патрола на Пресечена скала и крај на маките. Вака, кај ни е крајот еден Господ знае. Снимките се од последна операција изведена на 6 ноември, околу 23 часот на местото Сиви Води кај Бочвенец. Со 3 возила, без таблици, неколку роми однесоа се што можеа. Ромите со 3 коли, заминаа во маалото каде летово подметнаа голем пожар топејќи кабел за бакар”, објаснуваат гледачите.