Обилните врнежи кои ја зафатија земјата изминатата ноќ ќе продолжат и во текот на викендот, па сè до вторник.
Времето ќе биде променливо, со повремени поројни дождови, грмежи и засилен до повремено силен јужен и југоисточен ветер кој локално ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.
На одделни места се очекува да наврне поголемо количество дожд — над 35 литри на метар квадратен. Во Скопје и околината до вторник ќе има повремени, поројни и обилни врнежи проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер.
Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
Температурите ќе бидат нешто повисоки од просечните за овој период од годината, со дневни вредности помеѓу 11 и 18 степени.


