На свечена седница денеска во Штип беа доделени Осмономевриските признанија на 18 заслужни поединци и институции, по повод Осми Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. Што за нив значат овие признанија…
За историскиот ослободителен ден на Штип зборуваа градоначалникот Иван Јорданов и претседателот на Советот на општината Весна Карагунова Кожинкова.
Годинава признанија меѓу другите добија и Ферус Мустафов-постхумно, Раде Рогожаров, Марија Миинчева, Петар Мијалков, Душица Бреслиева, Астибо Биг Бенд, камерен хор Астибо, Димо Узунов, Благој Џоџев, Жикица Ивановски, Андреј Гичев, Максим Троицки, Виктор Спасов и извиднички одред Еквинок скаут.


