Штип: 24. Митровденски средби со осум нови доктори на науки

0
29

Денес, со почеток во 13:00 часот, во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи традиционалниот настан „24. Митровденски средби на доктори на науки од Штип 2025“.

На манифестацијата ќе бидат претставени осум нови доктори на науки од различни научни области, со што се продолжува долгогодишната традиција на оддавање признание на научниот труд, знаење и посветеност на штипските научници.

Д-р Габриела Димова – доктор по медицински науки
Д-р Сашко Николов – доктор по медицински науки
Д-р Елена Личкова – доктор по медицински науки
Д-р Игор Ивановски – доктор по технички науки
Д-р Павлина Кокошкарова – доктор по хемиски науки
Д-р Павле Апостолоски – доктор по стоматолошки науки
Д-р Благица Крстевска – доктор по медицински науки
Д-р Владо Лазовски – доктор по економски науки