Штипјани се тепале и го нарушиле јавниот ред и мир на ул. „Сутјеска“ во Штип, а 68-годишен светиниколчанец лишен од слобода откако замавнал со шипка и се заканувал на сограѓанин

0
21

На 06.11.2025 во 21:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода К.Г.(68) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 20:25 часот во двор од куќа замавнувал со метална шипка кон лице од Свети Николе и му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2025 во 19:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул. „Сутјеска“ во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В. и Б.Б.(45), двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.