Царинската управа на Македонија од турски државјанин при обид за излез од државата низ Аеродромот – Скопје, заплени 53 грама златни плочки и 11 златни монети со вкупна проценета вредност од 538.000 денари. При контрола на багаж на македонски патник слетан од Лондон пронајдоа два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот Apple. На Табановце пак, во два одделни случаи службите пронашле 24.000 евра кај српски државјанин при што запленети биле 14.000. Додека пак кај македонски државјанин биле пронајдени непријавени 25.500 евра по што му биле вратени 2000 а запленети 23.500.


