Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) планира зголемување на буџетот за наредната година за над 300 илјади евра, односно на 3,15 милиони евра, што претставува раст од 11 проценти.
Најголем дел од зголемувањето се должи на повисоки трошоци за плати и нови вработувања – за оваа ставка се планираат 1,9 милиони евра, што е 27 проценти повеќе од годинава. Истовремено, РКЕ најавува и повисоки приходи преку зголемување на годишните надоместоци од лиценцираните енергетски компании и давателите на водни услуги, со нов процент на зафаќање од 0,0433 отсто од нивниот годишен приход.


