Од вчера водата за пиење во Берово е забранета поради големо присуство на манган. ЈП треба проблемот да го реши за најкраток период, вели градоначалникот Ружински

0
22

Поради поголемо од дозволеното присусто на манган во водата за пиење во градскиот водоводен систем на Берово, од вчера АХВ ја забрани употребата.

“АХВ преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ Берово донесе Решение со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење”, стои во забраната.

Од општината велат дека проблемот кој е во надлежност на ЈП Услуга се решава.
Во меѓувреме општината прави напори да го олесни проблемот. Берово со вода за пиење се снабдува од Ратевско езеро.