Завршена санацијата на регионалниот пат кон Пехчево. Нов асфалт и подобрена безбедност на сообраќајот

0
82

Завршена санацијата на регионалниот пат кон Пехчево. Нов асфалт и подобрена безбедност на сообраќајот

Целосно е завршена санацијата на регионалниот пат Р1302 кој води кон Пехчево. Со овој проект, финансиран од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), значително се подобрени условите за сообраќај и безбедноста на оваа фреквентна делница.

Во рамките на санацијата:
се инвестирани 20 милиони денари,
поставен е нов асфалт на површина од 10.200 м²,
изведувач на работите е ЈП „Македонија пат“.

Регионалниот пат претставува една од најважните врски на Делчево со соседните општини, а новата патна подлога ќе овозможи поудобно, побезбедно и поефикасно движење на возилата.