„Овој закон не е против семејството, туку против дискриминацијата. Тоа не е проект за идеологија, туку за правда и меѓусебно почитување“.
Вака изјави премиерот на Албанија, Еди Рама, обраќајќи им се на пратениците во парламентот откако со 77 „за“ и 36 „противС“ парламентот го усвои предлог-законот за родова еднаквост, предложен од владата на Рама.Изгласаниот закон гарантира еднакви права за жените и мажите во сите сфери на животот и се темели врз основните принципи на демократијата и одржливиот развој. Неговата цел е јакнење на рамноправноста и заштита од дискриминација, во согласност со вредностите на Европската Унија, кон чии стандарди Албанија ги усогласува своите закони.


