Пронајдено тело на млада девојка меѓу згради во центарот на градот

0
91

Синоќа во центарот на Тетово, во простор меѓу згради спроти Центарот за социјални работи, е пронајдено тело на млада девојка, јавува „Тетово инфо“.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а причините за смртта сè уште се утврдуваат.
Неофицијално, станува збор за девојка од Косово која престојувала во Тетово како студентка, пренесува слободенпечат.мк