Крвава драма во Белград: Девојка од БиХ со нож нападнала полицаец, тој ја ранил во нога

0
21

Утрово, околу 4 часот, дошло до инцидент на влезот во полициската станица Савски Венац кога 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина, без очигледна причина, со нож нападнала полициски службеник кој го обезбедувал објектот, дознава „Телеграф.рс“.

Нападот се случил на влезното скалиште. Полицаецот, избегнувајќи неколку последователни насрти, се обидел да ја совлада девојката, но таа, и покрај издадените предупредувања, немала намера да се откаже од нападот.
Со цел да се заштити, полицискиот службеник бил принуден да ја употреби службената пушка, при што ја погодил девојката во ногата.
Таа веднаш била пренесена на Военомедицинската академија (ВМА).

Според првичните информации, се наоѓа во свесна и комуникативна состојба, со повреда на долниот екстремитет.
На местото на настанот бил извршен увид.
Мотивот за нападот врз полицискиот службеник засега е непознат и ќе биде утврден во текот на деталната истрага што ќе ја спроведат надлежните органи.