Земјоделците ќе седат пред компјутер, а дронови ќе ги обработуваат нивите

0
87

Современите технологии полека влегуваат и во земјоделството – дронови за прскање, ѓубрење и надзор на насадите веќе се користат во повеќе земји, а експертите сметаат дека нивната примена може значително да ги зголеми приносите и да ги намали трошоците.
„Беспилотните летала овозможуваат прецизно управување со земјоделските активности, детекција на болести кај растенијата и поефикасна заштита на посевите“, објаснува Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа.
Сепак, главната пречка е високата цена. Едно беспилотно летало чини околу 60.000 евра, што е недостижно и за многу големи земјоделски стопанства.
„Овие технологии се иднината на земјоделството, но без поддршка од државата или европските фондови, земјоделците тешко ќе можат да ги набават,“ додава Каракашев.
Најголема примена дроновите имаат кај оризот, тутунот и житните култури, каде што овозможуваат поголема ефикасност и подобар квалитет на производите.
Иако Македонија е далеку од целосна дигитализација на земјоделството, експертите се уверени дека со соодветна поддршка, „паметните“ ниви ќе станат реалност и кај нас.