Санацијата на регионалниот пат кон с. Габрово е завршена, со целосно поставен нов асфалт на 2,2 км, што го решава долгогодишниот проблем со инфраструктурата.
Проектот вреден 22 милиони денари се реализираше со поддршка од ЈПДП, а градоначалникот Иван Гоцевски ја истакна важноста за подобрување на животот и комуникацијата на жителите со центарот на општината, соопштуваат од општина Делчево.


