Во Албанија од 1 јануари минималната плата ќе изнесува 500 евра, а до крајот на мандатот 700 евра. Информацијата ја објави премиерот Еди Рама.
Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени. Ова зголемување, според премиерот, ќе биде првото, но не и единственото зголемување во овој мандат, кога минималната плата ќе достигне 700 евра.
Рама објасни дека владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци.


