Тело на 48-годишен маж пронајдено на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје

0
45

На улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје утрово е пронајден починат Љ.И. (48) од Скопје.

Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Превземено: Утро.мк