Вишиот суд во Белград пресуди дека Владимир и Миљана Кецмановиќ, нивниот малолетен син и училиштето „Владислав Рибникар“ треба солидарно да исплатат 46.884.000 динари на семејството Дуќиќ, чие дете беше убиено во масакрот на 3 мај 2023 година.
Тужените се должни на секој член од семејството да исплатат по 10 милиони динари за душевна болка и по 1,7 милион динари за претрпен страв.
Барањата за надомест против Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи се одбиени.
Во посебна постапка, Владимир Кецмановиќ е осуден на 14,5 години затвор, а Миљана Кецмановиќ на 3 години. Инструкторот од стрелиштето Немања Маринковиќ доби 15 месеци затвор.
Малолетниот К. К. е кривично неодговорен, бидејќи во моментот на злосторството немал 14 години.



