Прва оставка по смртоносната трагедија во Тузла

0
66

Во пожар во Домот за пензионери во Тузла загинаа 11 лица, а над 30 се повредени. Повредените се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде што 4 жители на Домот се на респиратор, додека меѓу хоспитализираните се 5 пожарникари и 3 полицајци.

Директорот на Домот за стари лица, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка. Местото на трагедијата е под полициско обезбедување, а истрагата продолжува со присуство на инспектори и експерти за противпожарна заштита за да се утврдат околностите што довеле до пожарот.