Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

0
11

Две и пол децении по почнувањето на патот кон ЕУ, Македонија сè уште не напредува, истакна премиерот Христијан Мицкоски на Самитот за проширување во Брисел. Тој посочи дека причината не е непочитување на Копенхашките критериуми, туку вештачки спорови околу националното име, знаме и уставни измени, како и барањата за вклучување на бугарската заедница во Уставот.

Мицкоски потенцира дека и покрај сите пречки, Македонија останува посветена на европската иднина, а поддршката на граѓаните за членство во ЕУ е меѓу највисоките во регионот. Тој истакна дека владата веќе остварува економски резултати, со раст на БДП, ниска инфлација и враќање на младите луѓе во земјата.
Целта, според Мицкоски, е да се заврши „домашната задача“ и да се испорача напредок што ќе ја импресионира ЕУ, со надеж дека конечно ќе се добие зелено светло за членство.