Иронија во Вашингтон: Трамп упорно бара отштета од 230 милиони долари додека трае најдолгото затварање на Владата

0
9

Додека тековното затворање на владата на САД достигна 36-ти ден, најдолго во историјата, претседателот Доналд Трамп бара од Министерството за правда да му исплати околу 230 милиони долари како надомест за федералните истраги против него.

Затворањето ја остави владата без средства за тековните операции – многу федерални вработени не се платени, институциите класифицирани како небитни се затворени, а процедурите на аеродромите се успорени. И додека милиони Американци чувствуваат последици од ваквата блокада, Трамп ја бара исплатата на голема сума од истиот систем кој е парализирани поради недостиг на буџет.

Оваа ситуација нема паралела во американската историја: како кандидат бил предмет на федерални истраги, потоа ја доби изборната трка и сега ја презема власта која мора да ги разгледува неговите барања. Иронијата е најочигледна, особено со потенцијалните етички конфликти создадени со поранешните адвокати на претседателот на врвот на Министерството за правда.