Просечно по три пожари неделно во Штип се случуваат поради неисчистени оџаци.Почетокот на грејната сесзона го најавува и овој проблем,а на последиците треба да бидат подготвени сите,доколку оџаците не им се исчистени.Минатата и останатите сезони одбележуваат статистика која воопшто не е добра и тоа токму поради неисчистени оџаци
Чистењето на оџаци е стручна и не едноставна работа,поради што, најчесто е потребна помош.Оваа сезона чистењето на оџаците се наплаќа од 900 до 2.500 денари
Во Штип речиси 70 % од семејставата се топлат на дрва,што значи дека, на чистење чекаат најмалку 5000 оџаци.



