Голем скандал со истекување на лични податоци ја тресе Унгарија

0
74

Истекување на лични податоци од околу 200.000 корисници на апликацијата „Вилаг“ (Világ) на опозициската партија Тиса (Tisza Party) ја тресе унгарската политичка сцена. Скандалот предизвика веднаш да се вклучи и Владата на премиерот Виктор Орбан, кој наложи итна истрага поради сомнежи за вмешаност на украински лица.Орбан нагласи дека тоа што личните податоци на унгарските граѓани дошле во украински раце „претставува сериозен ризик за националната безбедност“.Министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, го нарече инцидентот „еден од најголемите скандали во модерната унгарска политичка историја“.Лидерот на опозицијата, Петер Маѓар ги обвини руските хакери за пробивот, наведувајќи дека целта на операцијата е да се посее страв меѓу поддржувачите на „Тиса“ и да се онеспособи партијата.