ВИДЕО: Подморница со 1.7 тони кокаин пресретната на Атлантикот од португалската морнарица. Проценета вредност од над 50.000.000 евра

0
10

Четири лица се уапсени откако португалските власти пресретнаа подморница за дрога што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин во средината на Атлантикот. Полуподморницата се движела кон Иберискиот Полуостров и била запленета во последните денови, потврдија официјални лица.

Објавени се и снимки на кои се гледа како полицијата и морнарицата го опкружуваат бродот пред да се качат на него, да ја запленат дрогата и да го уапсат четиричлениот екипаж, за кои се вели дека се од Јужна Америка. Центарот за поморска анализа и операции (MAOC) со седиште во Лисабон добил информации дека криминална организација се подготвува да испрати подморница натоварена со кокаин во Европа.

Неколку дена подоцна, португалски брод успешно ја лоцираше подморницата на приближно 1.000 наутички милји (1.852 км) од брегот на Лисабон, во операција поддржана од британската Национална агенција за криминал и американската Администрација за борба против дрога.

Осомничените – двајца Еквадорци, еден Венецуелец и еден Колумбиец – беа притворени откако беа изведени пред суд на Азорските Острови. Витор Ананијас, раководител на португалската единица за борба против дрога, рече дека нивните различни националности покажуваат дека организацијата што стои зад нив не е со седиште само во една земја.

Превземено: Индекс.хр