Зохран Мамдани, 34-годишен демократски социјалист, стана првиот муслимански градоначалник на Њујорк, победувајќи го поранешниот гувернер Ендрју Куомо, кој настапи како независен кандидат.
Во победничкиот говор Мамдани изјави: „Секое утро ќе се будам со една цел – да го направам овој град подобар за вас. Знам дека гледаш, Трамп – засили го звукот!“
Претходно, Доналд Трамп се закани дека ќе ги ускрати федералните средства за Њујорк ако Мамдани победи и ги повика еврејските гласачи да гласаат против него.
Покрај Њујорк, демократите забележаа победи и во Вирџинија и Њу Џерси, каде што Абигејл Спенбергер и Мики Шерил станаа нови гувернерки.
Овие избори се гледаат како тест за расположението на гласачите по деветте месеци од новиот мандат на Трамп.


