Автомобил се запалил во движење на „Партизанска“ во Штип. Нема повредени

0
5

На 05.11.2025 во 02:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген венто“ со штипски регистарски ознаки во движење, управувано од А.К.(26) од Штип. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Извршен е увид.